Ракометарите на Еурофарм Работник премиерниот настан во Лигата на шампионите сезонава го стартуваат пред својата публика во “Боро Чурлевски”, сабота (17 часот) против Спортинг Лисабон. За победнички да им тргне сезоната и во најсилното европско клупско натпреварување, “фармацевтите” ги повикаа фановите да дојдат и да ја наполнат салата. “Заедно до победа”, порачаа ракометарите на Еурофарм Работник.