Македонската фудбалска репрезентација е во Рига, Летонија, каде што утре со домашната селекција ќе го игра шестиот квалификациски натпревар во групата за пласман на ЕП 2020 година.

Летонија е ривал по мерка за прекин на серијата од четири меча без победа, по стартниот триумф токому против Летонците во Скопје од 3:1.

Македонија ја користи катастрофалната форма на Летонија, но во исто време треба да бидеме многу внимателни затоа што на гостински терен може да имаме проблеми, па дури и со вакви селекции.

Македонија веќе го одржа последниот тренинг во Рига пред утрешниот меч. На него непријатна повреда доживеа Елиф Елмас кој може утре да паузира. Очекуваме информација за тежината на неговата повреда на зглобот.

Неколку фотографии од денешниот тренинг во Рига.