Србија вчера беше домаќин на Португалија во рамките на квалификациите за пласман на Еуро 2020 година. Гостите си заминаа со убедлива победа од 2-4, а во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо.

Фудбалерот на Јувентус кој го постигна третиот гол за својот тим беше пречекан од бројни фанови, сите сакаа да направат фотографија со него, а во предот застана и српскиот репрезентативец, Немања Матиќ, кој го чекаше по мечот за да ја исполни желбата на своите деца.