Шарл Леклер е победникот на Монца, тој е „кралот“ на култната патека. Фозачот на Ферари по триумфот на минатата трка во Спа (Белгија), попладнево дојде до својата втора победа во Формула-1. Вчера ја освои пол-позицијата, денеска беше „главен“ на трката за ГП на Италија. Со овие две победи младиот возач покажа дека Ферари и тоа како има шанси да се носи со досега неприкосновениот болид на Мерцедес. Второто место му припадна на Ботас а третото на Хамилтон, и двајцата возачи на Мерцедес. Четврти заврши Рикиардо а петти беше Хулкенберг, и двајцата од Рено. По влегувањето на целта на Леклер, ерупција од воодушевување на патеката Монца, десетици илјадници фанови на Ферари го прославија феноменалниот успех на Леклер.