Бесарт Абдурахими, некогашниот македонски репрезентативец кој настапуваше и во Шкендија, бара ангажман во словенечкиот тим Браво. Тоа е нов тим во Првата лига на Словенија кој сега се пласираше во „елитата“.

Овој тим вчера играше пријателски меч со Истра (2:2), а за словенечката екипа настапил и Абдурахими.

Абдурахими е без ангажман, откако му заврши договорот со романски Херманштад. Тој во минатото играше за репрезентацијата, но освен оној победнички гол со Луксембург, без значаен придонес.

Играше и за Загреб, Хапоел Тел Авив, Локерен, Астана, Черезо Осака, Шкендија, Партизани Тирана.