Во текот на трансфер периодот Барселона се гледаше како следна дестинација на Матеис де Лихт, но холандскиот репрезнтативец на крајот сепак заврши во Јувентус.

Неговиот менаџер Мино Раиола нема добар однос со каталонскиот клуб, Барселона се откажала од него, а Де Лихт заврши во Торино.

Мундо Депортиво, кој е добро упатен со случувањата во Барселона пишува дека односот на Холанѓанецот е она што го одвратила клубот од потпис со него.

„Барса сметаше дека најголемиот проблем на Де Лихт е неговата ароганција. Не е тоа комплетно негативна особина, но верува дека таквиот став не помага на теренот. Неговото однесување е комплетно различно од она на Де Јонг, иако е млад играч. Де Лихт не сака ни да слушне да седи на клупата, иако би дошол во клуб со одлични соиграчи на неговата позиција“ – пишува Мундо Депортиво.