Со голот на Бенјамин Вербиќ во 91. минута, репрезентацијата на Словенија дојде до вредна победа над Израел со 3:2 на дуелот во Љубљана во рамките на квалификациската група „Г“ во која се наоѓа и нашата фудбалска репрезентација. Словенците поведоа во финишот на првото полувреме со голот на Вребиќ во 43. минута, но на стартот на вториот дел гостите од Израел со погодоците на Начо во 50 и на Захави во 62. минута успеаја да направат целосен пресврт.

 

Одличните Словенци се вратија во живот по голот на Безјак во 66. минута, а упорноста им се исплатеше во 91. минута кога со вториот гол Вребиќ донесе големи три бода во трката за место на ЕП 2020.

 

Во дербито на колото во нашата група, без голови заврши пресметката во Варшава, каде Полска и Австрија освоија само по бод.