Од останатите дуели во денешната програма на евро-квалификациите, вреди да се издвојат три меча. Гостувањето на Германија во Белфаст и првиот пораз за селекцијата на С. Ирска во оваа квалификациска група. Ирците беа поразени од Германија со 2:0 со головите кои во второто полувреме ги постигнаа халстеберг и Гнабри.

Холандија имаше успешна мисија на гостувањето во Естонија и со 4:0 ги освои новите три бода со кои го заокружи овој септемвриски циклус со две победи. Селекцијата на Белгија исто така лесно мина со Шкотска декласирајќи ја со идентични 4:0 на „Хемпден Парк“.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020:

РЕЗУЛТАТИ:

Азербејџан – Хрватска 1:1

Естонија – Холандија 0:4

Летонија – Македонија 0:2

Шкотска – Белгија 0:4

Унгарија – Словачка 1:2

Словенија – Израел 3:2

Полска – Австрија 0:0

С. Ирска – Германија 0:2

Русија – Казахстан 1:0

Сан Марино – Кипар 0:4