Голманот на фудбалската репрезентација на Куракао, 31-годишниот Јарзињо Пиетер е пронајден мртов во неговата хотелска соба на Хаити, каде двата национални тима требало да одиграат натпревар од второто коло од КОНКАКАФ Лигата на нации.

Пиетер не се чувствувал добро и веднаш по пристигнувањето на Хаити бил на лекар, а потоа се вратил во хотелот на спиење и утринава е пронајден мртов во креветот. Причините за смртта засега не се познати.

Првиот мел го доби Куракао со 1:0, додека вториот натпревар е закажан за утре.