Нема успех, нема фанови…Ваква слика доаѓа од Атина каде Грција на домашен терен го пречека Лихтенштајн во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Фудбалерите на оваа земја ги разочараа навивачите, речиси останаа без место на континенталното натпреварување. На стадионот кој има капацитет од 70.000 места, дојдоа само 1.500 фанови, што пак е најскромната посета на еден фудбалски меч во историјата на Грција.

Овој меч заврши без победник 1-1.