Два дена во Марибор ќе мине одбојкарската репрезентација на Македонија пред утре да замине за Љубљана која е главната станица во следните десетина дена и настапот на Европското првенство.

Селекторот Никола Матијашевиќ по осум пријателски натпревари во подготовките има јасна слика за формата во која Македонија влегува во ЕУРО премиерата, а последните два дена во Марибор се користат за дотерување на финесите.