Холандскиот дефанзивец Вирџил Ван Дајк инкасирал скоро 1 милион фунти на крајот на минатата сезона само поради една интересна клаузула во неговиот договор. Имено, „црвените“ се обврзале при потпишувањето на договорот со некогашниот фудбалер на Саутемптон да му исплатат сума од над 750.000 фунти доколку во рамките на една сезона Ливерпул одигра 22 или повеќе натпревари без примен гол.

Според информациите на англиските весници, во клаузулата од договорот на стоперот имало дополнителни бонуси за одиграни најмалку 18 натпревари „со празна мрежа“ кои би му донеле 375.000 фунти, за 20 „чисти“ натпревари – 500.000 фунти и за 22 или повеќе средби – 750.000 фунти. Ливерпул со Ван Дајк во тимот минатата сезона имаше 26 меча со „празна мрежа“.