Како и пред 4 години, Хрватска не успеа да замине како победник од гостувањето во Баку. Денеска во првиот квалификациски меч за пласман на ЕП 2020, „коцкестите“ одиграа само 1:1 со селекцијата која досега во групата немаше ниту еден освоен бод.

За првиот бод во овој квалификациски циклус Азербејџан се избори благодарение на израмнувачкиот гол на Халилзада во 72. минута од мечот, откако претходно, гостите со голот на  Модриќ во 11. минута од пенал поведоа со 1:0.

Со овој „кикс“, Хрватска останува лидер на табелата со 10 бода, но и меч повеќе од Унгарија која има 9 бода и ако вечерва ја совлада Словачка ќе избие на првото место.