Данил Меведев го одигра првото ген-слем финале, по оние воведни 2-0 во сетови за Рафаел Надал, се чинеше дека лесно ќе го загуби дуелот. Сепак успеа да се издигне и да приреди вистинска драма на УС Опен, која на крајот му припадна на Шпанецот, славеше со 3-2 во сетови.

„Искрено мислев дека е готово. Веќе размислував каков говор ќе одржам по првото финале кое ќе го загубам со 3-0. Си реков, ќе се борам за секоја топка, па ќе видам каде ќе ме одведе сето тоа“.

Токму таа борба го одведе до 2-2, по пто следеше доминација на противникот.

„Она што Надал го направи за тенисот е неверојатно, поради него илјадници деца го сакаа овој спорт“.

На крајот рускиот тенисер и се извини на публиката со која во текот на целиот турнир беше во кавга. Навиваа за сите негови противници, а тој иронично им се заблагодаруваше.

„За публиката за време на турнирот зборев неубави работи, сега морам да кажам нешто добро. Оваа борба вечерва беше поради вас. Ме натеравте да дадам се од себе, се борев максимално до самиот крај. Ме исфиркувавте со прави, но видовте дека и тоа може да се промени. Јас сум човек и нормално е да грешам. Ви благодарам“.

По ова обраќање публиката го скандираше неговото име.