Шпанскиот тенисер по освојувањето на УС Опен се најде на една титула до рекордерот Роџер Федерер, кој има 20. По завршување на епското финале против Данил Медведев, Шпанецот исткна дека секако сака да освои повеќе грен-слем титули од Швајцарецот, но тој не размислува само за тоа, има многу поприоритетни работи.

„Би сакал да освојам повеќе титули од Федерер, но не размсилувам за тоа и не тренирам поради тоа. Играм тенис бидејќи го сакам тоа, не можам да размислувам за грен-слемовите, тенисот е повеќе од тоа. Морам да размислува, за други работи. Играм за да бидам среќен, секако по победите секогаш сум супер-среќен.

Горд сум што бев дел од ваква битка, која пак привлекува голем број на навивачи, тоа е добро за спортот. Постојано повторувам, не можеш секој ден да гледаш кој има повеќе или помаку од тебе, тоа може да биде фрустрирачки. Во мојата кариера имам направено повеќе од што сонував. Би сакал да завршам со повеќе грен-слемови, но доколку не се случи тоа нема да бидам помалку среќен“, изјави Надал.

Шпанскиот тенисер вели дека не се грижи ниту премногу за враќање на првото место на АТП-листата, на кое и натаму е Новак Ѓоковиќ.

„Не играм поради тоа, ги правам работите на свој начин. Доколку успеам да бидам број еден на свој начин, тоа ќе биде одлично. Но, секогаш го повторувам истото, тоа не е мојата главна цел. Чувството е незаменливо да си дел од таа борба. На мои години не можам да губам премногу енергија во битката за местото број еден. Морам да размислувам поинаку, можеш да изгубиш години во кариерата размислувајќи како да бидеш број еден. Но, тука сум. Ако можам да играм добро до крајот на годината ќе имам шанси, тоа ќе биде неверојатно“.