Рафаел Надал е новиот крај на УС Опен. На шпанскиот тенисер му беа потрени четири часа и 50 минути (неколку минути ги делеа од најдолгото финале на УС Опен) за да го совлада Данил Медведев за 19-та грен слем титула во неговата кариера.

Победникот на неверојатното финале беше одлучен по пет сета, Надал славеше со 3-2 (7-5, 6-3, 5-7, 4-6, 6-4). Почетокот на дуелот најавуваше лесен триумф за шпанскиот тенисер, ги доби првата два сета со 7-5 и 6-4, но Медведев не се откажа.

Во третиот сет Русинот врати на ист начин, го доби со 7-5, а потоа беше подобар и во четврттиот сет о 6-4.

Шпанецот во одлучувачкиот сет направи два брејка за 3-2 и 5-2, на другата страна Медведев направи еден за 5-4, но следните два гејма ги доби Надал за четврта титула на УС Опен.

Надал се најде на само еден трофеј до рекордерот Роџе Федерер кој има 20.