Кога и да се појави, веднаш следува лавина во медиумите и кај фудбалските фанови. Диего Армандо Марадона се врати во татковината, преземајќи го последнопласираниот аргентински тим во елитата, Гимназија Ла Плата.

Денеска се одржа и неговата промоција во новиот клуб, а на трибините на стадионот „Хуан Кармело Зерило“ имаше над 20.000 навивачи.

Тој беше пречекан со постојани овации, а популарниот „Ел Пибе“ не можеше да ги задржи солзите. Импресивно е и тоа што дури 700 новинари беа акредитирани за промоцијата на Диего во новиот клуб.