Откако на нашиот портал излезе текстот„Смешки на „Никола Мантов“: На мечот Осогово – Тиквеш на цел стадион имало само една топка“, со реакција се јавија од раководството на ФК Осогово со цел да демантираат.

Демантот ви го пренесуваме во целост…

„Почитувани по вашиот објавен текст со наслов –

СМЕШКИ НА „НИКОЛА МАНТОВ“: НА МЕЧОТ ОСОГОВО – ТИКВЕШ НА ЦЕЛ СТАДИОН ИМАЛО САМО ЕДНА ТОПКА!

Должни сме да реагираме и остро да ги демантираме наводите во самиот текст кои се само една обична лага. Па зарем официјалните лица, делегатот и судијата би дозволиле да почне мечот без најмалку три топки за игра !? – секако дека НЕ!

ГФК Осогово ги почитува правилата и пропозициите на ФФМ за организирање и одигрување на натпревари, па така и в саботата, како и на секој претходен меч беа обезбедени сите услови. Вклучувајќи ги и топките за игра, како и деца крај теренот за додавање на истите.

Спортски поздрав,

ГФК Осогово