Вообичаено само во СПОРТМЕДИА  на неколку часови пред некој натпревар на Македонија може да се информирате за вистинскиот состав и формацијата на нашата репрезентација. Така и овојпат. За разлика од мечот во Бер Шева кога игравме во формација 3-5-2, за вечерашниот дуел со Летонија, селекторот Игор Ангеловски се реши за далеку поофанзивната 4-2-3-1. Интересно, во самиот шпиц ќе биде Тричковски, а ќе напаѓаме и со Трајковски, Пандев и Елмас во таа „тројка“ зад Тричко. Како последни играчи за врска се Адеми и Барди, додека стопери ќе бидат Муслиу и Велковски. На бековските позиции со задача да бидат што поофанзивни се Бејтулаи и Алиоски, и секако на голот е Димитриевски. Останува да се надеваме на добра игра на Македонија и се разбира на победа.