Во текот на целиот ден, светските обложувалници континуирано го намалуваат коефициентот за победа на Македонија на денешниот дуел во Рига. Од 1.80 за колку што можеше да се типува утринава, сега на најголемите светски обложувалници коефициентот за „двојка“ падна на 1.50, со тенденција да оди надолу се до почетокот на мечот (20.45 ч.).

Тоа јасно покажува дека најголемите светски букмејкери ја сметаат Македонија за исклучително голем фаворит на вечерашниот меч. Сега останува тоа да го оправдаме и со добра партија на теренот.