И тоа го има во мак – фудбалот. Според кажувањето од таборот на кавадаречкиот клуб, на саботниот меч во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ каде што играа Осогово и Тиквеш имало само една топка.

Целта била домашните по секоја цена да ја задржуваат играта и на крај да успеат да дојдат до бод. А познати се правилата кои велат дека треба да има барем 3-4 топки, се со цел да нема застој во играта. Така барем велат кавадарчани, на кои ова им е смешно.

И така било се до 60.минута кога Делов постигнал гол за водство на Тиквеш. Следувало менување на работите, тогаш наеднаш се појавиле 5-6 топки, јасно е зошто било така. Тогаш на Осогово му било потребно играта да се забрза.