Синиша Михајловиќ ја заврши првата фаза од лечењето од леукемија, а се појави на клупата на Болоња во првите два натпревари од Серија „А“.

Примен е во болницата „Сант Орсола Малпиги“ и следува втората фаза од лечењето, а стигнуваат вести дека неговата ситуација е многу добра.

„Клиничката состојба на Михајловиќ е многу добра. Резултатите од првата фаза на хемотерапијата се задоловувачки“, соопштија од болницата.

Сега Болоња игра со Бреша, но се верува дека Михајловиќ нема да биде на клупата овој пат.