Во миговите кога шампионот Шкендија нема тренер, се појави уште едно ново име кое е во комбинација за превземање на клупата на тетовскиот тим. Станува збор за некогашниот тренер на младинската школа на Ајнтрахт Франкфурт, и екс тренер на Грасхоперс, Томислав Стипиќ.

Како што дознава „Спортмедиа“, Шкендија веќе стапила во преговори со Хрватот, но и натаму нема конкретен договор.

„Спортмедиа“ пред неколку дена пренесе дека албанскиот стручњак Илир Даја и натаму е најсериозен кандидат, и така останува. Исто така во комбинација е и екс тренерот на тетовци, Бруно Акраповиќ. Од македонските тренери се споменува името на Јетон Беќири.

Стипиќ во минатото работел и како тренер во Жијун во Кина, во Штутгарт Кикерс, Ое и Инголштад. Има 40 години, и ПРО Лиценца. Покрај хрватскиот, има и германски пасош.