Учесниците во најсилната кошаркарска лига кај нас на големо се поготвуваат за новата сезона, во која ќе се натпреваруваат 11 екипи.

Тимот од кого се очекува да биде едно од најпријатните изненадувања, АВ Охрид без победа се враќа од турнирот во Ботевград. По поразот од Балкан 98-81, избраниците на Марјан Илиевски денеска не успеаја да го совладаат ниту Берое (88-84).

Охридскиот тим најверојатно во новата сезона ќе има обврска плус, ќе биде дел од БИБЛ-лигата, натпреварување кое Илиевски како тренер на Блокотехна го освои.

ШАМПИОНОТ СПОРЕД ПЛАНОТ

МЗТ Скопје продолжува со успешните контроли пред стартот на одбраната на титулата во мак-првенството, како и учеството во АБА 2-лига.

На турнирот во Романија, Ѓорѓи Кочов ја добија пресметката против поранешниот АБА-лигаш од Унгарија, тимот на Шолнок (115-94). Според информациите од клубот,  Марко Симоновски го одиграл најдобриот меч во досегашната кариера, 42 поени од кои дури 12 тројки.

Утре вечер ќе ги одмерат силите со организаторот Орадеа (18 часот) и тоа за победничкиот трофеј, откако овој тим вчера исто така беше подобар од унгарскиот претставник на турнирот.