Бутел Скопје со победа ја отвори новата сезона, во последниот меч од првото коло во Супер-лигата го совлада Пелистер со 24-26.

Битолчани имаа добар вовед на натпреварот, имаа водство од еден гол 3-4. Но гостите трпеливо ја напаѓаа мрежата на противникот, па на полувремето заминаа со позитива од 12-14.

Ракометарите на Пелистер не се откажаа, дојдоа на највисоки 16-14, па мечот влезе во интересна завршница која на крајот им припадна на гостите од Скопје. За Бутел ова беше прва победа во Битола.

Мајиќ со девет погодоци беше најефикасен, Димитар Ѓеорѓиевски постигна пет гола, на другата страна Петровски запиша седум гола.