По елиминацијата на Србија од Мундобаскетот од Аргентина, еден од оние кои ја презеде одговорноста беше Немања Бјелица. Тој на прес-конференцијата беше искрен.

„Многу имам да ви кажувам. Ќе пробам да ги соберам мислите. Тежок пораз за нас. Најпрво морам да се извинам на народот, кој веруваше во нас. Верувавме и ние, затоа што навистина имаме добар тим. Но, знаете како е тоа, тоа на овие турнири не значи многу. Можеби имаме подобар тим од Аргентина, но тие покажаа дека повеќе ја сакаат победата од нас. Не бевме подготвени за овој натпревар, пред се психолошки. Јас на прво место превземем одговорност. Морам да кажам дека играв како г**но. Не загубивме затоа што сме арогантни, туку едноставно не бевме психолошки подготвени за овој меч. Овој пораз е тежок, ме убива!“, рече Бјелица.