Рафаел Надал ја освои четвртата титула на УС Опен во својата кариера и истовремено се изедначи со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ по бројот на „големи“ титули.

„Големата тројка“ сега е изедначена, односно и Федерер и Ѓоковиќ и Надал имаат по 54 титули на големите турнири.

Интересно е дека и Надал и Ѓоковиќ до оваа бројка имаат стигнато со настап на 182 турнири, додека Федерер, кој има 38 години, учествувал на 231 турнир.