Мундијалот во Кина полека ја добива својата завршница. Денеска Аргентина и Шпанија заверија место во полуфиналето, откако беа подобри од Србија односно Полска.

Во центарот на вниманието беше пресметката меѓу „гаучосите“ и „орлите“, а победници излегоа Аргентинците.

По оваа средба се изначитавме бројни коментари, изјави, анализи…Во центарот на вниманието се најдоа Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Портро.

За време на дуелот на својот „Инстаграм“ профил се огласи Ноле, во својата објава го предизвика Дел Потро, кој по завршување на мечот му одговори на Србинот со фотографија.