Официјалната интернет страница на европската ракометна федерација ЕХФ, го претстави тимот на Вардар пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Во текстот беа поставени неколку клучни прашања, и беше направена анализа за очекувањата во престојната сезона во ЛШ.

„Три прашања се поставуваат во пресрет на новата сезона: Може ли новиот тренер Писонеро да биде третиот шпански тренер кој ќе ја освои титулата со Вардар? Како ќе се одрази заминувањето на клучните играчи? Дали може тимот да дојде до Келн четврти пат по ред?“, пишува во текстот.

Тие сметаат дека Данис Кристопанс ќе биде во фокусот на вниманието и главен адут во евентуален успех.

Целиот текст на ЕХФ на следниот ЛИНК.