Бразилскиот тенисер Диего Матос (31), е казнет со доживотна суспензија во професионалниот тенис поради немаестени натпревари.

Докажано е дека Матос манипулирал со исходите на 10 натпревари во 2018 година од кои финансиски профитирал. Станува збор за натпревари на ИТФ турнири во Бразил, Шри Ланка, Еквадор, Португалија и Шпанија.

Матос треба да ги врати 12.000 долари од наградниот фонд на освоениот турнир во Еквадор, и да плати казна од 125 илјади долари. Се претпоставува дека од тенисот нема заработено толку.