Младата репрезентација на Македонија до 21 година во голем стил тргна во новите квалификации за пласман на ЕП 2021.  Фарските Острови беа „стопени“ од нашите млади надежи кои не ја испуштија можноста да стигнат до рекордна победа од 7-1.

Капитенот Давор Здравковски може да биде пресреќен затоа што е лидер на генерација која за првпат постигнува седум голови на еден квалификациски меч. 

„Како и секогаш, така и сега не обрнуваваме толку внимание на противникот. Ние сме некоја нова генерација, имаме во себе некој нов менталитет на чело со нашиот селектор Милевски. Се виде дека позитивно изреагиравме по тој примен гол. Порано сме знаеле да се наполниме со нервоза и ред други негативни работи, сега напротив, позитивно изреагиравме, дадовме се од себе. И кога е така, кога играш на тој начин секогаш резултатот е на твоја страна. Секако дека сум среќен и задоволен од оваа победа и победнички старт во овие квалификации“ изјави за „СПОРТМЕДИА“ Здравковски.