Освојувањето на првото место во Премиер лигата е главна цел на „црвените“ оваа сезона. Во последната изјава дадена за медиумите, Јирген Клоп потенцира дека фокусот е ставен токму на овој пехар, кој недостасува во витрините на Ливерпул со десеции.

„Бевме многу блиску минатата година. Загубивме само еден натпревар цела сезона и тоа не беше доволно. Бевме крајно разочарани. Очигледно, многу работи се можни со нашиот тим. Да, титулата во Премиер Лигата би била одлична потврда за работата во последниве години“, рече 52-годишниот германски стратег.

Освојувањето на титули, сепак, не е најважното за Јирген Клоп. Менаџерот на Ливерпул сака да „победува на секој натпревар“ и „да го подобри обликот на играчите со секој нов ден“.

„Титулите никогаш не биле моја мотивација. Сакам да победам на секој натпревар и да го подобрам обликот на играчите секој ден. Потоа, ќе видиме до каде можат да одат момчињата”, рече Клоп.