Летонските медиуми и натаму не можат да напишат дека нивната репрезентација некого победи во групата. Летонците од 2017 година чекаат на еден триумф во квалификациите, и никако до него да дојдат. Кризата нивна продолжи и вчера на дуелот со Северна Македонија.

„Оваа репрезентација на Летонија не може да победи никого“, стоеше во еден од насловите на летонските портали по мечот со Македонија.

Летонија е последна во групата со ниту еден бод. Не успеа да ја прекине лошата серија на домашен терен, сега е осум меча без победа од кои шест порази и само две нерешени, или вкупно 12 меча без ниту еден триумф во сите категории. Навистина една долга серија на Летонците.