Нашата млада репрезентација до 21. години, попладне од 16 часот на ФФМ во Скопје, ќе го одигра првиот меч од квалификациите за пласман на ЕВРО 2021 година. Момците на селекторот Благоја Милевски за ривал ја имаат селекцијата на Фарските острови. Репрезентација која секако е тотален аутсајдер, но во фудбалот никогаш предвреме не треба да се впишуваат бодовите. Овој меч нашите надежи треба да го сфатат максимално сериозно и треба да одиграат најдобро што можат, се разбира и да победат. Едноставно да покажат кој е кој во моментов. Да споменеме дека билетите за овој натпревар, по цена од 50 денари, ќе се продаваат на влезот од стадионот непосредно пред да почне истиот.

ЧУРЛИНОВ: ТРЕБА ДА СЕ ДАДЕ МАКСИМУМОТ

Дарко Чурлинов, предводникот на оваа генерација, инаку фудбалер на Бундеслигашот Келн, во пресрет на денешниот меч за сајтот на ФФМ истакна…

„Неколку денови работевме напорно подготвувајќи се за овој меч. Моментално сме сконцентрирани само за дуелот со Фарските острови. Ниту една репрезентација не е за потценување, па така и оваа на Ф. Острови. Ако сакаме победа потребно е да се даде максимумот. Атмосферата е одлична, верувам дека така ќе биде и во иднина“ заврши Чурлинов.