Манчестер јунајтед нема да се повлече и ќе продолжи да бара 200 милиони евра за нивниот фудбалер Пол Погба. Ова е цената која англискиот гигант ќе ја постави пред сите кои во јануари ќе притискаат да го купат францускиот репрезентативец.

Французинот не успеа летово да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да го засили Реал Мадрид, но Перез и Зидан и натаму продолжуваат со агитација за неговиот потпис. На „Олд Трафорд“ сепак се надеваат дека Французинот ќе биде подготвен да потпише нов договор со клубот и со тоа ќе ги заврши пишувањата за негово заминување.

Актуелниот договор на Погба со клубот е до летото 2021 година. Претходно оваа недела, братот на Погба, Матијас откри дека Французинот имал разговори со Зидан.