Задоволството од убедливата победа по мечот со Фарските Острови не го скри ниту селекторот Благоја Милевски. Тој по средбата изјави:

„Честитки за моите играчи. Одиграа феноменален меч, иако резултатот покажува дека било лесно. Сигурно дека не беше. Одиграа како што се договоривме. Секогаш е добро кога квалификациите ќе се почнат вака и навистина презадоволен сум од играта , но сепак, ова е само почеток на квалификациите. Имаме два меча во октомври и треба добро да се подготвиме. Честитки и до противникот. Искрено не очекував толку висока победа. Фарските острови покажаа дека се репрезентација слична на Исланд, но ние одигравме максимално и според планот. Голот што го примивме, беше инјекција за да тргнеме во напад. Познавајќи гид ечките, мислам дека оваа победа нема да се одрази негативно, туку ќе биде само мотив веќе за следниот меч“.