Главниот фаворит за првото место во групата „6“ во квалификациите за ЕП 2021 година за играчи до 21 година во која е и Македонија, селекцијата на Шпанија, вечерва ја оствари и втората победа. По триумфот над Казахстан со 1:0, младите Шпанци денеска на домашен терен ја совладаа Црна Гора со 2:0.

По две одиграни средби, „фуријата“ го презема врвот во групата со 6 бода. Двата гола за Шпанија вечерва ги постигна младиот голгетер на Динамо (З), Дани Олмо, уште во првиот дел од мечот. Македонија ќе и гостува на Шпанија на 14 ноември, откако претходно имаме дуели со Црна Гора на гостински терен и со Казахстан дома во октомври.

Претходно денеска, Израел го совлада Казахстан со 2:1 и исто како и нашата репрезентација стартуваше со победа во квалификациите.