Откако стигна до својата 19-та грен слем титула, Рафаел Надал е на само еден трофеј зад Роџер Федерер.

„Сакам да освојам повеќе грен слем титули од Роџер, но сега не размислувам за тоа. Не тренирам и не играм тенис поради тоа, туку затоа што го сакам тенисот. Играм за да бидам среќен, и нормално кога победувам, тогаш сум пресреќен“, рече шпанскиот тенисер.

И покрај освоениот тројфеј, Надал повторно ќе биде зад Ѓоковиќ на новата ранг листа. Но, сега ќе му се доближи на само 640 бодови.