Новиот селектор на Црна Гора Фарук Хаџибегиќ ја почна авантурата на кормилото на „храбрите соколи“ со победа во пријателскиот меч со Унгарија (2:1). Тоа за нив беше прв триумф уште од октомври 2018 година, меѓутоа, Чешка е далеку посериозен противник. Иако искусниот сараевчанец беше задоволен од изданието на своите избраници истакна дека никој не смее да западне во еуфорија.

„Точно дека е убаво да се тргне со победа, но има многу работи кои би требало да се поправат. Но, секогаш е полесно да се дотера нешто после победа“, рече Хаџибегиќ и додаде дека е посебно задоволен од тоа што неговата екипа нашла енергија и волја да го заврти мечот по водство на противникот уште во 2. минута.

ЕУРО 2020 – Квалификации (група А, 6.коло)

ЦРНА ГОРА – ЧЕШКА
Вторник, 20.45
Шифра: 6049

Наши предлози
КТ           2              2,00
ТГГ          ГГ            1,93
* Квотите подлeжат на промени

Црногорците на таа средба беа ослабено со неиграњето на Стефан Савиќ, Марко Бакиќ, Марко Вешовиќ и Марко Јанковиќ, но се очекува тие да бидат спремни за многу поважниот натпревар со Чесите. Домашните во првите четири кола на квалификациите освоија само два бода и се наоѓаат на дното на табелата во групата А.

Репрезентацијата на Чешка разочара во саботата во Приштина затоа што изгуби со 2:1, иако рано поведе. И во Подгорица гостите важат за фаворити, пред се поради тоа што во јуни ги совладаа Црногорците со убедливи 3:0 на свој терен. Но, покажаа дека имаат слабости кои ривалот би можел да ги искористи.

Ние ќе се осмелиме да ви препорачаме двојка – всушност, Чесите славеа на сите три досегашни меѓусебни натпревари. Доколку се сомневате во гостите, определете се за ГГ затоа што и едните, и другите имаат проблеми да ја сочуваат својата мрежа.