Аргентина ја елиминираше Србија во битката за медал на Светското првенство во Кина совладувајќи ја со 97-87.

Избраниците на селекторот, Александар Ѓорѓевиќ сега ќе се борат за пласман од 5. до 8. место, противник на првиот дуел ќе го имаат поразениот од САД и Франција.

По ова, Србија во зависност од резултатот ќе играат против Полска, и поразениот од Австралија и Чешка.

Кошаркарите на нашиот северен сосед ќе мора да брзо да се опорават бидејќи ги чека битка за место на ОИ во Токио.

Двете најдобри европски репрезентации ќе обезбедат билет за ова натпреварување, меѓу нив сигурно е Шпанија, а во игра се Чешка и Франција. Србија во Кина дојде како фаворит за освојување на златниот медал, а сега може да останат без место на Олимписките игри.