Во пресрет на новата сезона во НБА-лигата, челниците на истата донесоа несфатлива забрана за носење на ленти на главата. Лентите беа „хит“ ланската сезона меѓу играчите, но од оваа ќе бидат забранети.

„Играчите почнаа да ги носат во текот на минатата сезона и не сакавме да ги забрануваме сред сезона. Франшизата е загрижена за лентите во однос на нивната сигурност, големина и начинот на кој ја врзуваат играчите. Сето тоа треба да се земе в предвид пред да се дозволи нивното носење. Ги информиравме клубовите уште во мај дека играчите во новата сезона нема да смеат да ги носат“, изјави Мајк Бас, портпаролот на НБА лигата.