Претпладнево во Марибор, селекторот Никола Матијашевиќ ќе ги построи одбојкарите и ќе ги даде последните инструкции пред заминувањето за Љубљана, каде на 12 септември за стартуваат европската премиера.

Атмосферата во националниот тим е одлична, сите се надеваат дека проблемите се зад нив и ќе можат комплетно да се фокусираат на најголемиот предизвик во нивните кариери.

По двомечот со Австрија во Виена, Македонија мина два дена во Марибор, а попладнево (околу 15 часот) треба да се стационира во Љубљана каде што ќе го чека дебито на Европското првенство, во рамките од групата Ц. Денеска одбојкарите нема да тренираат во „Стожице“, попладнево ќе одмораат, додека утре ќе го имаат првиот тренинг во арената во која ќе пишуваат историја.

Противници на Македонија се домаќинот Словенија, европскиот првак Русија, како и Турција, Финска и Белорусија, селекции преку кои го бараме нашиот пат кон следната фаза.