По двонеделна пауза, за претстојниот викенд е закажано 5.коло во ПМФЛ. Интересно е тоа што првиот меч, оној меѓу Академија Пандев и Ренова, веројатно тоа дерби на колото, ќе се игра во петок и тоа на „петок 13“. Овој натпревар на стадионот „Младост“ во Струмица ќе започне во 15:30 часот, а ќе биде пренесуван во живо на Арена спорт и МРТВ.

Останатите мечеви ова коло се играат во сабота, на 14 септември, а се среќаваат Шкендија – Работнички , Вардар – Струга Трим Лум, Шкупи – Силекс и Македонија ЃП – Борец.

Инаку сите натпревари во двете втори лиги, ќе се играат на 14 септември во недела.