Утринава италијанската „Газета“ ги објави платите во нето на сите фудбалери кои играат во Серија А. Се разбира за нас најинтересно е колку заработуваат тројцата наши интернационалци кои играа во Калчото. Очекувано најплатен е Елиф Елмас во Наполи, кој заработува 1.5 милиони евра на годишно ниво. Илија Несторовски со 600.000 евра е четврти на листата во Удинезе, а Горан Пандев пак заработува 350.000 евра во Џенова. Се разбира дека на овие суми треба да се додадат сите бонуси и премии.