Како ниту една сезона претходно така оваа капацитетот на СЦ „Јане Сандански“ од 6.500 седишта е распродаден со сезонски билет, досега купени се 4.324 билети.

И иако повеќе од пола сала е резервирана, сепак „црвено-црните“ одлучија да го продолжат рокот за продажба на сезонски билети, кој наместо до 9 септември ќе трае до 13 септември.

Сезонските билети може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот или онлајн преку www.ticketplus.mk, а цената е 2.200 денари за трибините, односно 2.550 денари за А блоковите.

Цената е и тоа како атрактивна ако се знае дека со овој билет може да се следат сите натпревари од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите, сите домашни натпревари од СЕХА Газпром лигата, сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија, како и сите натпревари на домашен терен од Купот на Македонија.

По завршувањето на овој рок веќе нема да се продаваат сезонски билети, а ќе почне сукцесивно пуштање во продажба на поединечни билети за секој следен натпревар.