Македонија У-21 води на полувреме против Ф. Острови со 3:1. Ова е прв меч за нашите надежи во квалификациите за ЕВРО 2021.

Стартот на мечот не беше така добар.Во 16.минута по играњето со рака на Руфати, гостите од пенал преку Андреасон поведоа со 1:0. Тоа како да ги налути нашите момци и тргнаа силовито во напад.

Во 26.минута прекрасната асистенција на Чурлинов, Митровски ја претвори во гол за егал резултат. Шест минути подоцна Чурлинов од лево постигнува убав погодок за наше водство од 2:1.

Во судиското продолжение Митровски погоди уште еднаш за 3:1. Се надеваме на уште подобра игра на нашите надежи во продолжението, и на уште некој гол во мрежата на Ф. Острови.