Иако од КФСМ нема официјална потврда, Првата лига во новата сезона ќе ја сочинуваат 11 екипи. Местото на Блокотехна нема да биде доверено на никого, иако покана за потполнување на истото добија Ангели и Шкупи.

Оваа одлука доаѓа по седницата на Управниот одбор при КФСМ, за членовите не е прифатливо да се игра бараж меч меѓу двата тима.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат, МЗТ Скопје и вториот тим на шампионот, Работнички, Куманово, Еуроникел, Ав Охрид, Гостивар, Кожу, Пелистер, Вардар и ФМП.