Утре, среда 11 септември, на Градскиот стадион во Кавадари ќе се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу Тиквеш и Ал Батаех од ОАЕ. Екипа која пред неколку денови одигра исто така пријателска средба и тоа со Шкупи на Чаир, и загуби со 0:1.

Секако дека ова е шанса за кавадарчни по подолго време да присуствуваат на меѓународен пријателски натпревар, во кој игра и нивниот Тиквеш.