Шпанија рутински ја совлада Полска и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Кина. Рики Рубио беше главен лидер во редовите на „црвената фурија“ постигна 19 поени и подели девет асистенции.

Токму по бројот на тие девет асистенции се запиша во историјата на Светските првенства и стана најдобар асистент.

Рубио на вечната листа го мина Аргентинецот Пабло Приџиони, кој има 106 асистенции во 24 натпревари, додека пак Рубио до оваа бројка дојде на дуелот со Србија, а против Полска стигна 115-та асистенција.

„Чест ми е да бидам во една иста реченица со мојот идол. Играв против него неколку пати“, изјави Рубио.