По двете стартни ремија во групата, селекцијата на Португалија ја обезбеди и втората победа во квалификациите, откако вечерва на гостувањето во Вилнус славеше со 5:1 над домашната Литаванија. Мечот ќе остане забележан по четирите гола на првата ѕвезда во португалскиот тим, Кристијано Роналдо, кој одигра 79 минути на средбата и уште еднаш ја потврди својата фудбалска вредност.

Последниот гол за Португалците беше дело на Вилиам во судиското надополнување.

 

Од вечерашните квалифиакциски дуели треба да ја издвоиме и победата на Србија над Луксембург со 3:1 со која нашиот северен сосед се врати во трката со Португалија и Украина за двете места кои водат на европското првенство. Украина е лидер со 13 бода, Португалија е втора со 8, а Србите трети со 7 бода.